ВИДЕО I Мајк Тајсон поразен со судиска одлука од Џејк Пол


Легендарниот боксер Мајк Тајсон (58 години) по пауза од 20 години се врати во професионалниот бокс и загуби од 31-година помладиот Џејк Пол. Популарниот јутјубер го победи прославениот Тајсон со едногласна одлука на судиите.

На стадионот „Ат&Т“ во Арлингтон имаше преку 80.000 гледачи кои уживаа осум рунди по две минути, а на крајот, судиите едногласно решија дека многу помладиот боксер е победник и тоа на бодови со 80:72, 79:73 и 79:73.

- Реклама -