Мицкоски: На реториката на ДУИ не треба да ѝ се дава значење, како стигнуваме до криминалот ќе станува уште пожестока

Премиерот Мицкоски порача до пошироката јавност и медиумите да не ѝ придава важност на реториката со која се служи ДУИ. Тој изјави дека таа ќе биде уште пожестока во периодот што следи, во одговорот на новинарско прашање, за коментар околу последното соопштение во кое се наведува дека актуелната владина коалиција врши егзодус на албанците од државните институции.

Тој смета дека со придавање на значење на таквата реторика, тоа не носи добро на граѓаните.

– Ова ги иритира и граѓаните и нашите партнери во меѓународната заедница. Ова работа не треба да се поедноставува. Има случаи во МВР на припадници на одредени политички партии и со различна етничка припадност ја злоупотребиле својата положба и незаконски издавале дозволи за оружје и друг тип на документи. Нормално, тие се санкционирани, рече премиерот.

Прочитајте и:  ВЛЕН: Секојдневно се разоткриваат лагите на ДУИ

Тој очекува негативната реторика да се засилува, да биде пожестока и поиредентистичка.

– Како што ќе стигнуваме поблиску до криминалците, таа реторика ќе биде пожестока и позасилена. Со првите притворувања и судски процеси овие напади ќе бидат уште позасилени. Ова е борба со криминалот која претходно ја најавив. Некои работи, можеби поспоро одат, но правдата е спора, но доаѓа, рече Мицкоски.

Тој смета дека во ДУИ за да ги заштитат имотите кои ги стекнале нивни членови или блиски до партијата ја користат оваа алатка и побара да се не дава значење во јавноста.

Мицкоски смета дека владеењето на ДУИ во изминативе две децении придонело до иселување на 150 илјади етнички Албанци од земјава.

- Реклама -