Ким Џонг-Ун нареди масовно производство на дронови камикази

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун денеска присуствуваше на тестирање на дронови камикази и нареди масовно производство на оваа оружје.

Ким истакна дека е неопходно што побрзо да се изгради систем за сериско производство и да почне масовно производство на дронови камикази.

Тој додаде дека во светот се зголемува употребата на беспилотни летала за воени цели и оти воените власти веројатно ќе го препознаат нивниот успех во конфликти од различни размери.

Беспилотни летала камикази често се користат во војните во Украина и на Блиски Исток.

Прочитајте и:  Идна надворешна политика на ЕУ: Главна е поддршката за Украина, поделба на Косово не доаѓа предвид
- Реклама -