Евролига: Партизан одново разочара, Барса победи во Белград


Во средата вечерта се одиграа последните два натпревара од деветтото коло во кошаркарската Евролига, а победи остварија Барселона кај Партизан 87:79 и Париз на домашен терен против Жалгирис со 83:77.

Кошаркарите на белградски Партизан загубија уште еден натпревар во неизвесна завршнива во Евролигата, овојпат од Барселона во белградска „Арена“ со 79:87 (23:19, 12:30, 23:21, 21:17).

Ова за петтиот пораз за Партизан во низа во најелитното кошаркарско натпреварување на континентот, а веќе трет пораз на домашен терен езонава. Претхдно во Белград триумфираа Виртус и Монако.

Вообичаеното бодрење на навивачие како да им помогна на избраниците на Жељко Обрадовиќ на почетокот на натпреварот да одиграат многу добро на двата краја на паркетот и многу брзо стигнаа до двоцифрена предност 21:11. Сепак, Каталонците одговорија со серија од 8:0, но Партизан успеа да одолее на налетот и да ја добие првата четвртина во своја полза 23:19.

Вториот период целосно ѝ припадна на Барселона (12:30). Играта на „црно-белите“ во еден момент се распадна, што ривалот го искористи и на пауза замина со големи плус 14 (35:49). Во овој дел од натпреварот имаше неколку спорни судиски одлуки во полза на гостите, но домашните играчиодиграа без енергија.

Барселона продолжи во третата четвртина каде што застана на крајот од првото полувреме. Повторно направи серија од 8:0, што заедно од крајот на втората делница изнесуваше 26:3. Немоќта на кошаркарите на Партизан се гледа и по фактот што првите поени од игра во третата четвртина ги впишаа дури по пет минути преку Тајрик Џонс.

На крајот Партизан успеа да го добие третиот период со 23:21, но се чинеше дека тоа нема многу да се промени откако Каталонците влегоа во последната делница од натпреварот со плус 12 (58:70). Сепак, „црно-белите“ малку по малку го топеа водството на противникот и со серија од 15:2 дојдоа на само два разлика. По трите слободни фрлања на Ифе Лунгберг, домашните дојдоа на минус еден – 79:80. Тоа предизвика делириум на трибините.

Кога се чинеше дека моментумот на натпреварот помина на страната на Партизан, Барселона одигра добар напад кој заврши со „тројка“ на Алекс Абрињес на 70 секунди пред крајот. Во следниот напад Франк Ниликина промаши за „тројка“, а потоа стана јасно дека Каталонците ќе забележат нов триумф во Евролигата.

Најефикасен кај победниците беше Кевин Пантер со 18 поени, а го следеше Џабари Паркер со 17. На другата страна Карлик Џонс постигна 17 поени, а Алексеј Покушевски постигна 12 поени.

Барселона сега има сооднос 7-2, додека Партизан е на 2-7 и во петок од 20:30 часот ја пречекува Олимпија Милано.

Париз со победата против Жалгирис се израмни со литванската екипа, сега и двете имаат по шест победи и три пораза. Парижаните до славјето ги предводеа македонскиот репресентативец ТиЏеј Шортс со 21 поен и шест асистенции и Колин Малколм кој постигна 17 поени. Арнас Буткевичиус беше најдобар кај Жалгирис со 12 поени и девет скока.

На врвот на табелата се Барселона и Фенербахче со седум победи и два пораза. Жалгирис, Панатинаикос, Олимпијакос, Баерн и Париз имаат сооднос 6-3.

- Реклама -