Младиот Мората го спаси Реал Мадрид (видео)

Алваро Мората, младиот напаѓач на Реал Мадрид постигна гол за триумф над Леванте од 1:2 на непријатното гостување за „Кралевите“, на кое Мурињо беше без Бензема и Игуаин, а се повреди и Кристијано Роналдо.

Токму Португалецот го постигна водечкиот гол во 21.минута, но на самиот почеток од вториот дел Давид Наваро стартуваше со лакт над Роналдо и го раскрвави неговото око, по што беше заменет од игра.     Дополнителна тешкотија за „Кралевите“ беше потопениот терен со вода на кој топката едвај се движеше, а тоа Леванте го искористи во 62.минута преку Родригез и израмни на 1:1.

Потоа, Реал Мадрид тргна на сѐ или ништо, а доби на подарок и пенал по стартот на Каљехон, кој очигледно беше надвор од шеснаесетникот. Но, пеналот во 72.минута не успеа да го реализира Чаби Алонсо и мечот влезе во навистина возбудлива завршница. Мурињо тогаш во игра го уфрли младиот Алваро Мората, кој во 84.минута со удар со глава му донесе триумф на Реал Мадрид од 1:2.

Прочитајте и:  Мбапе незадоволен и не сака да игра центар во нападот на Реал Мадрид

Претходно, Барселона лесно ја совлада Мајорка на гостински терен со 2:4, при што Лионел Меси постигна два гола и стигна до бројка од 76 погодоци во една календарска година, надминувајќи го легендарниот Бразилец Пеле. Исто така Барселона го изедначи најдобриот старт во историјата, со десет победи и едно реми од 11 натпревари.

- Реклама -