Во Германија уапсен тинејџер со турско потекло, планирал терористички напад на локалниот божиќен саем

Припадниците на германската служба за државна безбедност уапсија 17-годишно момче во градот Елмшорн во провинцијата Шлезвиг-Холштајн, кое е осомничено дека планирал терористички напад за време на божиќниот саем.

Според весникот Билд, врз основа на следење на комуникациите, уапсениот Германец по потекло од Турција, планирал со камион да влета во луѓето на божиќниот саем.

Првата дојава за планираниот напад пристигнала до Федералната служба на германската криминалистичка полиција на почетокот од годинава од американската разузнавачка служба.

Прочитајте и:  Германија за бирократијата троши 146 милијарди евра годишно
- Реклама -