Премиер лигата суспендира судија поради навреди кон Ливерпул и Клоп

Здружението на англиски фудбалски судии го суспендираше прволигашкиот судија Дејвид Кут (42) откако на социјалните мрежи се појави видео во кое тој ги навредува Ливерпул и поранешниот тренер Јирген Клоп.

„Суспензијата стапува во сила веднаш, до завршување на истрагата. Нема да даваме дополнителни коментари додека процесот не заврши“, објави Здружението.

На видеото се гледа дека Кут користи погрдни зборови за Ливерпул и германскиот стратег

Не е јасно кога е снимено видеото и нејзината автентичност.

Се шпекулира дека видеото се однесува на мечот од Премиер лигата на кој Кут беше главен судија меѓу Ливерпул и Барнли во јули 2020 година, а кој заврши нерешено 1-1. Клоп по натпреварот јавно го критикуваше Кут, обвинувајќи го дека не ги казнувал прекршоците врз играчите на Ливерпул.

Прочитајте и:  Англискиот судија Кут под истрага на УЕФА поради контроверзното видео

Кут е премиерлигашки судија од 2018 година, а минатиот викенд го водеше натпреварот помеѓу Ливерпул и Астон Вила (2-0).

- Реклама -