„Carra“ – Револуционерна body art изложба инспирирана од музиката на Рафаела Кара!

Инспирација од музиката на Рафаела Кара

Во интервју за нашата публика, Бојан Ковски објаснува како музиката на Рафаела Кара ја инспирира неговата изложба:

„Чувството кое ми го има предизвикано секоја една песна од Рафаела Кара го имам сведено на 12 различни дела од неа која што беше и целата инспирација за оваа изложба и низа музика и текстот кој што е на самите песни ги инспирира и боите и поставеноста на самите дела,“ вели Ковски.

Телото како уметничко платно

Бојан сподели дека неговата страст кон уметноста започнала веднаш по завршувањето на факултетските денови:

„Телото како уметничко платно ми дојде природно веднаш по завршување на моите факултетски денови и ми е многу драго затоа што се случи тој пресврт со мојата кариера каде продолжив и со боди паинтот како истражување и со маслото на платно, така што го гледам како медиум кој што не е многу исцрпен и би сакал да направам што е можно повеќе со истиот.“

Порака за слобода и општеството

Со изложбата „Carra“, Бојан Ковски сака да ги покаже ограничувањата кои ги имаме во општеството и желбата за слобода:

„Сакам да го пренесам моментот колку сме ние затворени во едно општество и колку ние трагаме по нешто што е слобода а, всушност сме во една кутија каде сме доста ограничени. Со оваа работа што јас ја правам и со тоа што сакам да го прикажам е дека луѓето треба малку повеќе да се ослободат, да излезат од својата кожа и да влезат во нешто ново каде што ќе се видат како што не се имаат видено досега.“

Нови правци и идни проекти

Во контекст на истражувањето на нови уметнички форми, Бојан ја опишува својата иднина:

„Наредна форма на истражување мене ми е огност, четвртиот елемент од елементите што ги работев масло на платно а со бодипеинтетот наредна година исто така се спрема нова изложба која што ќе биде инспирирана од друга пејачка која што е француска пејачка, но тоа ќе го дозанеме во иднина.“

Уметноста како средство за лекување

Бојан верува дека уметноста има способност да го лекува човекот и да влијае позитивно на општеството:

„Јас сметам дека уметноста дури може и да лекува и тоа се има покажано и според еден многу интересен момент, еден документарец за Depeche Mode и се прави документарец од луѓе кои што кажуваат како песните од Depeche Mode им имаат толку многу помогнато, што дури ги имаат и излекувано и по тоа се сеќаваат на самиот артист. Имам желба и навистина работам на тоа за да моите дела помогнат на некому натаму и да дојдам и јас до некој степен на кариерата после некои 40 години каде што некој би го кажал истото за мене.“

Изложбата „Carra“ на Бојан Ковски е вистински одраз на спојувањето на уметноста, науката и технологијата, инспирирана од длабоките емотивни врски со музиката на Рафаела Кара. Со својата креативност и посветеност, Ковски продолжува да ги разширува границите на уметничкото истражување и да создава дела која ќе инспирираат и инспирираат генерации на уметници и публиката.

- Реклама -