Најнов носач на звук што ќе ги замени цедињата

Повеќе...

Прво беа грамофонските плочи, потоа касетите, изгледа дека и цедињата се на пат да станат реликвија од минатото. Но во време кога музиката се повеќе се даунлоадира и слуша онлајн има ли место за нов носач на звук? Компанијата SanDisk го најави својот концепт за најнов high-tech формат – microSD картичката.

slotmusic1.jpg

Продавање музички албуми во microSD формат е најновиот концепт на калифорниската  компанија SanDisk. Тие се надеваат дека овој нов формат, кој го нарекуваат „SlotMusic“, повторно ќе го заживее трендот на купување музика. Компанијата склучи договори со четири големи музички издавачки куќи (Sony BMG, Universal, EMI и Warner) кои се согласија да издаваат албуми во овој SlotMusic формат.  
 
SlotMusic microSD картичките се за mp3 музика со висок квалитет (320 kbps) која исто така е DRM-free што значи дека е компатабилна со различни медиуми, може да се слуша на мобилен телефон, на компјутер итн. Картичката е со големина 1.4 со 1.5 cm и има меморија од еден гигабајт, ќе содржи музички албум, но и дополнителна дигитална содржина како видеа, текстови, слики и др. Содржината на картичката може да се бриши и картичката повторно да се користи за снимање на нова содржина. Цената на SlotMusic microSD картичката сеуште не е објавена, а најверојатно ќе изнесува од 7 до 15 долари. Повеќе информации на www.slotmusic.org.
- Реклама -