НЗЗ: ЕУ се преправа дека не е нервозна поради изборот на Трамп

Кога Трамп победи во 2016 година Европа беше целосно изненадена. Сега тврди дека е подобро подготвена и се претставува како оптимист. Но, има ли основа за тоа?, пишува швајцарскиот дневен весник „Ној Цирхер Цајтунг“ (Neue Zürcher Zeitung).

Весникот посочува дека претставниците на Европа веднаш испратиле честитки за изборот на Доналд Трамп за претседател на САД, „но оти дипломатскиот протокол не може да скрие дека во Брисел има голем немир“.

НЗЗ наведува три точки каде Европска Унија и САД би можеле да имаат различни ставови.

Економските односи помеѓу ЕУ и САД за време на вториот мандат на Трамп ќе бидат голем предизвик. Весникот потсетува дека за време на првиот мандат Трамп воведе царини и други трговски бариери, а во кампањата најави паушални царини за артикли дури и од земји кои се стратешки партнери на САД.

Прочитајте и:  Бајден вети мирен трансфер на власта

Но, повеќе од економските последици, ЕУ стравува од безбедносните последици од владеењето на Трамп.

– Хорор сценарио е дека САД би можеле да го напуштат НАТО, но за тоа би било потребно двотретинско мнозинство во Сенатот или значително да се намали нивниот финансиски придонес и бројот на персоналот во тој воен сојуз. НАТО се обидува да ги претстави овие сценарија како страшни приказни за плашење деца и дека Трамп ја препознава важноста на трансатлантските односи за безбедноста на самите САД, наведува НЗЗ.

Според весникот ЕУ е уплашена дека изборот на Трамп негативно ќе влијае врз политиката за климата, а САД би можеле да се повлечат и од Договорот за климата од Париз.

- Реклама -