Артета се пожали на романскиот судија по поразот од Интер

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета изрази незадоволство од судијата Иштван Ковач од Романија по поразот од Интер со 0:1 во Милано.

Домаќините дојдоа до победа благодарение на единствениот гол на Чалханогглу, кој беше прецизен од пенал во 3. минута.

-Најлошото нешто во ноќта, се разбира, е резултатот. Настапот, односот и доминацијата што ја покажавме против еден од најдобрите тимови во Европа на овој стадион, мислам дека тоа не се случило на ниту еден друг натпревар што сум го гледал на Интер. Сепак, реалноста е резултатот. Можевме многу подобро да решиме некои ситуации пред голот и да постигнеме најмалку два гола. Разочарани сме и од две судиски одлуки кои се одразија на резултатот и натпреварот, прокоментира Артета.

Прочитајте и:  Анчелоти: Во моментов не ми се зборува за фудбал

Додаде и дека не ја разбира одлуката при досудувањето на пеналот за домаќините и потсети на ситуацијата со Мерино.

-Беше рикошет, немаше никаква опасност. Немаше како да реагира бидејќи беше многу блиску до топката, но на крајот решија дека е пенал. Меѓутоа, ако ова е пенал, тогаш ситуацијата со Микел Мерино требаше да биде 1.000 отсто пенал, изјави Шпанецот по мечот.

- Реклама -