Тоа што започна само како начин да се обиде да биде во чекор со постариот брат, ја направи Сем Гордон вистинска мала хероина во САД. 8-годишното девојче веќе во континуитет демонстрира исклучителна способност за американски фудбал, па за кратко време стана вистински хит.
Сем во моментов е меѓу најбрзите во својата категорија, далеку подобра и од поголемиот дел повозрасни од неа момчиња кои играат со неа во истата лига.