Загарантирано ќе ослабите, три стратегии за слабеење

Секој човек кој ја води битката со килограмите има можност да наиде на различни диети и стратегии кои ветуваат брзи резултати. Сепак, новото истражување сугерира дека не е важно само што јадеме, туку и кога  јадеме.

Неодамнешното истражување на научниците од Универзитетот Бонд во Австралија откри дека одредени стратегии за исхрана се значително поефикасни од стандардните препораки.

Во анализа на 29 клинички испитувања со вкупно 2.485 учесници, научниците ги открија следните стратегии кои можат да помогнат при губење на тежината.

Три стратегии за слабеење го водат патот во ефективноста, покажуваат истражувањата

1. Повремено глаадување

Овој метод вклучува ограничување на внесот на храна до одреден временски период во текот на денот.

Додека претходните истражувања дадоа мешани резултати, новата анализа покажува дека учесниците кои практикувале  ваков пост изгубиле повеќе килограми, особено оние со повисок индекс на телесна маса.

2. Намален број на оброци

Наместо традиционалниот оброк три пати на ден, намалувањето на бројот на оброци може да придонесе за губење на тежината.

Фокусирањето на помалку оброци може да помогне да се намали внесот на калории и да се олесни управувањето со тежината.

3. Рано внесување на калории

Фокусирањето на внесот на калории порано во текот на денот, во временска рамка од 12 часа, може да има позитивен ефект врз губењето на тежината.

Експертите препорачуваат избегнување на вечера по 18-19 часот за да му се овозможи на телото да ја вари храната и да се подготви за спиење, пишува NY Post.

- Реклама -