Новосадската опозиција претходно соопшти дека има сознанија дека власта е подготвена да предизвика нереди и уништување на јавен имот на вечерашниот собир со помош на блиски навивачки групи, пишува Н1. Станува збор за група навивачи на Војводина од Грбавица, на чело со Марко Босанац, сопственикот на фирмата Монтоп, кои читаат струја за потребите на ЕПС и секогаш учествуваат во обезбедувањето на предизборните собири на СНС, велат од новосадската опозиција за Н1
Голем протест во Нови Сад започна денеска во 18 часот пред железничката станица, по повод трагедијата што се случи во градот на почетокот на месецот. Како што јавуваат српските медиуми, организаторите барале сите директно и индиректно одговорни за трагедијата да си поднесат оставка и да се соочат со кривична пријава.
Членовите на опозицијата со поддршка на граѓаните ги повикаа сите да се соберат пред железничката станица и побараа оставки од премиерот Милош Вучевиќ и градоначалникот на Нови Сад Милан Ѓуриќ.
За време на протестите избија и неколку инциденти. Млади мажи со качулки и маски, со палки и камења ги искршиле просториите на Српската напредна странка и Градското собрание во Нови Сад, а во еден момент со факел ги запалиле просториите на приземјето на Градското собрание. Беа истурени и фекалии врз зградата на Градското собрание.
Маскираните лица во ееден момент ги нападнале и полицајците. Како одговор на обидот за упад во Градското собрание, полицијата одговорила со солзавец, јавува Н1.
Организаторите на протестот се оградија од ваквите инциденти и рекоа дека има револтирани граѓани, но и дека имало уфрлени елементи.
Мариника Тепиќ, претставник на опозицијата, изјави дека маскираните групи биле провокатори кои сакале да предизвикаат конфликти.
„Се обидоа со провокации кога бевме на Железничката станица, ние се обидовме да им се оддалечиме и да се повлечеме два, три метри наназад. Некои дури се обидоа да им ги симнат маските на оние што фрлаа кон Градското собрание“,
рече таа.
Новосадската опозиција претходно соопшти дека има сознанија дека власта е подготвена да предизвика нереди и уништување на јавен имот на вечерашниот собир со помош на блиски навивачки групи, пишува Н1. Станува збор за група навивачи на Војводина од Грбавица, на чело со Марко Босанац, сопственикот на фирмата Монтоп, кои читаат струја за потребите на ЕПС и секогаш учествуваат во обезбедувањето на предизборните собири на СНС, велат од новосадската опозиција за Н1.
Српскиот претседател Александар Вучиќ пристигна во Нови Сад
Во Нови Сад вечерва пристигнал и српскиот претседател Александар Вучиќ кој накратко им се обратил на своите поддржувачи нагласувајќи дека Србија ја снашла голема трагедија.
„Државата ги презеде сите мерки одговорните да бидат казнети, а ние ќе го сториме тоа и никој нема да се извлече без разлика колку е близок до власта. Вечерва овде присуствувавме на нешто што не служи за чест на оние што го организираа, луѓето кога се тажни, кога се каат, тогаш не се лутат и не уништуваат. Дојдов овде во просториите, кои тие ги нападнаа“,
изјави Вучиќ и најави дека сите кои учествувале во насилствата ќе бидат казнети и прогонувани од државата.