Дали зависноста е наследна?

Корисниците на дрога и нивните браќа и сестри кои не се зависници имаат слични промени во мозокот, кои покажуваат дека склоноста кон зависност е наследна, но исто така овој недостаток може да биде надминат, објавиле британските научници.

Научниците од Универзитетот во Кембриџ, кои го снимале мозокот на 50 зависници од кокаин и нивните браќа и сестри, откриле дека сите тие имале промени во мозокот поради кои била отежнета самоконтролата. Ова откритие овозможува подобро разбирање на причините зошто некои луѓе со зависност од дрога во семејната историја имаат поголем ризик од другите за развој на зависност и може да доведе до нови третмани кои ќе им помогнат на ранливите луѓе да научат како да ги стават работите под контрола, пред да се развие зависноста.

Одамна е познато дека зависник не може да стане секое лице кое зема дрога и дека луѓето кои се изложени на зголемен ризик вообичаено страдаат од недостаток на самоконтрола.  Водечкиот истражувач Карен Ерсц смета дека ова откритие фрла светлина врз причините за зголемен ризик од зависност кај луѓето со семејна историја на зависност, а дел од мозокот одговорен за самоконтрола работи помалку ефикасно.

Прочитајте и:  Три најздрави намирници за мозокот, според лекарите

Следен чекор е да се утврди како браќата и сестрите на зависниците, кои не развиле зависност, успеале да го надминат тој „дефект“. Пол Кидвел, психијатар од Универзитетот Кардиф кој не бил вклучен во истражувањето, смета дека кога би можеле да откриеме што ги прави толку отпорни некои од членовите на семејството на зависникот, можеби би можеле да спречиме многу случаи на зависност.

Научниците во претходните истражувања воочиле промени во мозокот на зависникот, но не биле сигурни дали тие се резултат на зависноста од дрога или постоеле во минатото.

Објавено во соработка со Емитер.

- Реклама -