Муртезани: Несериозни се изјавите за предвремени избори при стабилна влада

„Нема ниту еден потрес владата, ниту една криза за да идните локални избори се одржат заедно со парламентарните. Што се однесува до вмешувањето на Ахмети и ДУИ во целата приказна, тоа многу ми наликува на она кога бевме во основно образование и коа некои само еднаш во месецот ќе научеа една лекција и кога професорот ќе прашуваше кој е подготвен, а тие очите му ги вадеа на професорот со цел да му покажат дека се подготвени за тој ден. Сметам дека тие изјави се несериозни и се изјави што бараат внимание, бидејќи очигледно не се научени да бидат во опозиција“, вели министерот за европски прашања

Не гледаме причина за избори имајќи в предвид дека владата има речиси двотретинско мнозинство. Ова вечерва го рече министерот за европски прашања Орхан Муртезани во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма, коментирајќи го повикот што го упати премиерот Христијан Мицкоски за предвремени избори, одговарајќи на пратеничко прашање од лидерот на СДСМ, Венко Филипче, за што лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети му одговори: „Ајде да видиме колку држиш до зборот. Се гледаме во октомври, подготви се добро“.

Од вечерашното гостување на министерот за европски прашања Орхан Муртезани во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма

Според Муртезани, тоа се несериозни изјави на ДУИ наменети за дневна политика.

„Нема ниту еден потрес владата, ниту една криза за да идните локални избори се одржат заедно со парламентарните. Што се однесува до вмешувањето на Ахмети и ДУИ во целата приказна, тоа многу ми наликува на она кога бевме во основно образование и коа некои само еднаш во месецот ќе научеа една лекција и кога професорот ќе прашуваше кој е подготвен, а тие очите му ги вадеа на професорот со цел да му покажат дека се подготвени за тој ден. Сметам дека тие изјави се несериозни и се изјави што бараат внимание, бидејќи очигледно не се научени да бидат во опозиција“,

рече тој.

За извештајот на Европската комисија за напредокот на државата, Муртезани вели дека сликата генерално е пресликана со претходната година со мали корекции.

„Колку политичките влади и да се служат со дневна политика, сметам дека извештај се прави за државата и сите препораки се во корист на државата. Во извештајот не се оценува работата на владата, туку се оценува работата на државните институции и генерално на системот. И затоа треба да гледаме што сме наследиле, што треба да подобриме и каде да стигнеме“,

вели Муртезани.

Најави онлајн платформа на која дневно ќе се следи имплементацијата на реформите од реформската агенда усогласена со ЕУ.

Поврзани вести:

Меџити: Досега немало постабилна влада и поголемо мнозинство од ова, изјавата на Мицкоски за избори беше извадена од контекст

Ахмети за предлогот на Мицкоски за предвремени избори: Се гледаме во октомври, подготви се добро

- Реклама -