Храна што не ја зголемува телесната тежина

Поради лесното зголемување на телесната тежина, внимавате на секој залак што го ставате во уста? Потполно ве разбираме и затоа ве потсетуваме на неколку намирници кои можете да ги јадете колку што сакате без да се грижите за килограмите.

Домашни кисели краставички

Малите вкусни кисели краставички кои што се одличен додаток со јадењето, се неверојано нискокалорични и неверојатно здрави. Киселите краставички се одличен избор без да се грижите за килограмите.

Пуканки

Пуканките се житарици, содржат многу малку калории, исполнети се со воздух, па можете да ги конзумирате колку што сакате без притоа да се грижите дека ќе можат да ви додадат некој килограм плус. Сепак, внимавајте на пуканките кои се пржени во масло, тие имаат дополнителен број на калории.

Чипс од тиквички со лимон

Направете чипс од тиквички со лимон. Испечете тенко насечкани тиквички прелиени со лимон. Ќе добиете одличен чипс кој ќе го замени класичниот, а притоа ќе внесувате неколкукратно помалку калории отколку што внесувате грицкајќи го класичниот чипс.

Сепак, кога велиме конзумирајте ги колку што сакате, мислиме само на тоа дека нема многу да влијаат на вашата телесна тежина. Било која намирница која се внесува во преголема количина може да предизвика други пореметувања во организамот, особено во гастроинтестиналниот тракт. Затоа јадете сѐ, но контролирано и умерено.

- Реклама -