Ахмети им одговори на „Вреди“: Ако изгубам на избори, ќе се повлечам од политиката

„Мораме да излеземе јавно, отворено да им кажеме, бидејќи овие не разбираат. Ние не сме заинтересирани да влеземе во владата, туку што е можно побрзо тие да ја напуштат влада, толку подобро за нив, за нивните семејства, зашто ова е црна страница за Албанците“, вели лидерот на ДУИ

Веќе четврт век повторувам дека доколку загубам на избори, ќе се повчелам на изборите и ќе си одам дома. Ова вечерва на средба со граѓани во Куманово, како што пренесува МИА, го рече лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети од Куманово, како одговор на коалицијата „Вреди“, од каде пред неколку дена му порачаа дека ако навистина сака да оди на избори, да депонира писмена гаранција дека кога ќе загуби, да се повлече од политиката.

„Слушнав бараат кај нотар да сум потпишал дека доколку и со еден глас ги загубам изборите, да не бидам дел од власта“,

вели Ахмети.

Одговорот на провокацијата на „Вреди“ рече дека ќе мора јавно да го соопшти, оти, ДУИ не се заинтересирани да влезат во владата.

„Мораме да излеземе јавно, отворено да им кажеме, бидејќи овие не разбираат. Ние не сме заинтересирани да влеземе во владата, туку што е можно побрзо тие да ја напуштат влада, толку подобро за нив, за нивните семејства, зашто ова е црна страница за Албанците. Веќе четврт век велам дека ако изгубам на изборите, ќе се повлечам од политика“,

рече тој.

Реакцијата на владејачката коалиција на партиите на Албанците следува откако Ахмети во два наврати позитивно одговори на изјавата што премиерот Христијан Мицкоски ја даде одговарајќи на пратенички прашања од лидерот на СДСМ, Венко Филипче, во четвртокот, кога повика на предвремени избори в година.

Премиерот Христијан Мицкоски претходно ја повика ДУИ да се подготви за одговорност, а за избори, како што рече, кога ќе дојде време.

- Реклама -