Рамос сакал да стане матадор – мајка му не му дозволила!

Серхио Рамос важи за еден од најдобрите десни бекови во Европа, а во последните две сезони овој фудбалер одлично се снаоѓа и како централен дефанзивец, откако ја смени позицијата на инсистирање на Жозе Мурињо.

Сепак, шпанскиот репрезентативец откри дека многу лесно можело да се случи тој воопшто да не се занимава со фудбал, бидејќи имал сериозна намера да биде стане матадор.

„Кога бев дете играв фудбал со другарите, но никогаш не ни помислував дека професионално ќе се занимавам со овој спорт. Матадор – тоа беше она што сакав да бидам кога ќе пораснам и работев напорно за да ги научам сите трикови и да почнам да градам кариера. Кога дојде време да решам по кој пат ќе тргнам, им соопштив на родителите дека ќе станам матадор. Мајка ми беше таа што ме спречи во намерата, се плашеше бидејќи тоа е опасно по животот и на крајот ме разубеди. Фудбалот од втора ми стана прва љубов и не жалам за изборот, но не можам а да не се запрашам дали ќе бев успешен и во коридата како што сум на фудбалските терени“ изјави Рамос.

Прочитајте и:  Винисиус се повреди, ќе го пропушти мечот со Ливерпул во Лигата на шампионите
- Реклама -