Камала Харис веќе гласала, ливчето патува во Калифорнија

Анкетите од повеќе извори покажуваат дека Камала Харис и кандидатот на републиканците, Доналд Трамп, ќе водат „мртва трка“ за позиција во Овалната соба

Камала Харис, кандидатка за претседател на САД / Фото: ЕПА

Кандидатката на демократите за претседател на САД, Камала Харис, веќе го пополнила гласачкото ливче и го испратила во Калифорнија каде што е регистриран гласач.

„Јас, всушност, само што го пополнив моето гласачко ливче и го испратив по пошта. Така гласав“,

изјави Харис во Детроит, пренесе Си-eн-eн.

Воедно изјави дека верува во системот и дека нејзиниот глас ќе стигне во матичната држава. Таа, исто така, преку платформата Икс упати порака до гласачите:

„Вашиот глас е вашата моќ’“.

Актуелната потпретседателка ги охрабри гласачите да ги користат онлајн ресурсите за да го планираат своето гласање.

Во трката за претседател анкетите од повеќе извори покажуваат дека Харис и кандидатот на републиканците, Доналд Трамп, ќе водат „мртва трка“ за позиција во Овалната соба.

- Реклама -