Млада Американка се обидела да го продаде своето новороденче преку социјалната мрежа Facebook за 150 долар, и се соочува со казна до десет години затвор, пишува тексашкиот портал Houston Chronicle повикувајќи се на судски документи.
Според изданието, 21-годишната Џунипер Брајсон од Хјустон е уапсена од полицијата и е обвинета дека се обидела да го продаде своето бебе на Facebook, а пред да се породи комуницирала со шестмина потенцијални купувачи.
Бебето, коешто според судските документи поднесени во судот во округот Харис во Тексас било позитивно на ненаведени супстанци кои Брајсон го земала во текот на бременоста, му било понудено за продажба на маж од сојузната држава Луизијана за 150 долари.
Во написот на наведува дека жената била предупредувана за незаконитоста на обидот да го продаде своето новороденче. Меѓутоа, извадоци од пораките разменувани со жена на Facebook вклучени во судските документи покажуваат дека Брајсон наводно верувала дека земање компензација за нејзиното дете не е нелегално и наместо тоа е „различен вид посвојување“, а на предупрдувањата од други корисници тврдела дека тоа не се разликува од сурогат мајчинството.
На крајот, жената со којашто се допишувала на социјалната мрежа ја пријавил Брајсон во полицијата. Младата жена е обвинета за продажна на дете, и се соочува со затворска казна од две до десет години, како и парична глоба до 10.000 долари. Таа ќе биде изведена пред судот во понеделник.