Формула 1 одреди термин за квалификациите, но и ја помести главната трка во Бразил


Саботното невреме во Сао Пауло им ја отежни работата на Ф1 организаторите и ги принуди да ги откажа саботните квалификации.

Формула 1 со официјално соопштение ја известија јавноста дека ќе дојде до промена на неделната програма, па така во неколку часа ќе се гледаат и квалификации и трка.

Официјалните квалификации за трката ќе почнат во 11:30 часот, додека има промена и во терминот предвиден за главните возбудувања.

Трката е поместена за терминот во 12:30 часот по локално време во Бразил, односно во 16:30 часот по средноевропско време.

- Реклама -