Најмалку 30 повредени откако се урна настрешницата на железничката станица во Нови САД

Повеќе од 30 лица се повредени при уривање на настрешницата на железничката станица во српскиот град Нови Сад, јавија локалните медиуми.
Несреќата се случи околу пладне.

„Повредени се над 30 луѓе, тоа е последната бројка што ја имаме, а можеби е поголема. Се уште не знаеме дали има загинати, додека не бидеме сигурни дека не можеме да кажеме ништо. Телефоните ни ѕвонат постојано. Родителите се јавуваат да прашаат за децата….Ова е катастрофа. Се трудиме што побрзо и поефикасно да дојдеме до жртвите“, јави НОва/рс повикувајќи се на изјава на извор од Службата за итни случаи во Нови Сад.

Градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ изјави:

„Изразувам големо жалење што оваа трагедија се случи во Нови Сад. Градските служби во полн капацитет им се ставени на располагање на надлежните државни служби. Согласно сите процедури, откако истражните органи ќе ја завршат истрагата, ќе информираме Јавноста за понатамошните чекори Градот е во постојан контакт со надлежните органи и ќе ги преземе сите неопходни чекори Во овој момент целото наше внимание е насочено кон пружање помош на сите погодени од оваа несреќа.“

Изведувач на реконструкцијата на Железничката станица во Нови Сад, чиј дел денеска пропадна, беше кинескиот конзорциум CRIC&CCCC („China Railway International Co.Ltd“ и „China Communications Construction Company Ltd“).

Објектот беше свечено отворен на 5 јули годинава.
РТС јави дека на речиси секои пет минути Брзата помош носи повредени во Клиничкиот центар.
Кон местото на несреќата се упати и српскиот претсеател Александар Вучиќ.

 

 

- Реклама -