Јаневска: Овој месец просветните работници ќе добијат плата поголема за пет отсто

Зголемувањето на платите е резултат на договорот на Владата и Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) за континуиран раст на приходите на наставниците во следните четири години во износ што ќе зависи од висината на инфлацијата

Овој месец просветните работници ќе добијат плата поголема за пет отсто и покрај финасиските ограничувања предизвикани од заостанатите долгови на претходната власт, рече денеска министерката за обраование и наука, Весна Јаневска, одговарајќи на пратенички прашања.

МИнистерката за образование и наука Весна Јаневска / Фото: Принтскрин

Тоа, додаде дека резултат на договорот на Владата и Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) за континуиран раст на приходите на наставниците во следните четири години во износ што ќе зависи од висината на инфлацијата.

„Постигнавме договор за покачување на платите оваа година, согласно можностите што се создадоа во буџетот. Да не беа заостанатитее долгови што ги остави претходната Влада, зголемувањето ќе беше поголемо. За жал, недостигаа 1,5 милијарди денари за исплата на плати на вработените во високото образование. Недостигаа 900 милиони денари за исплата на плати во основното и средното образование, што приоритетно мораше да ги обезбедиме. А не беа исплатени и голем број од правата од областа на ученичкиот и студентскиот стандард“,

вели министерката.

Посочи дека наставниците се задоволни што во февруари ќе се потпише договор според кој нивните плати загарантирано ќе растат секоја година.

„Наставниците се задоволни од односот на новата влада. Претходната ја третираа како власт што владее, а сегашната како влада за работа, соработка и остварување на резултати. Резултат на тоа е што во изминатите четири месеци немаше штрајка на наставници, туку само еден обид на СДСМ да штрајкува во нивно име, собирајќи педесетина партиски членови пред МОН на чело со нивниот лидер“,

рече Јаневска.

Инаку, пред почетокот на школската година, Јаневска беше на став дека наставниците нема да добијат покачување на платите за 12 отсто во септември и најави дека зголемување ќе има во март, следната година.

- Реклама -