Да беше жив Bob Marley денес (6 април 2008) ќе наполнеше 63 години. Големиот музичар, поет и пророк остави зад себе преку 30 студиски, концертни и компилациски албуми, како и 13 деца. За време на својата кариера Марли стави свој оригинален печат како автор и изврши огромно влијание во музиката.
Да беше жив Bob Marley денес (6 април 2008) ќе наполнеше 63 години. Големиот музичар, поет и пророк остави зад себе преку 30 студиски, концертни и компилациски албуми, како и 13 деца. За време на својата кариера Марли стави свој оригинален печат како автор и изврши огромно влијание во музиката.
Боб Марли е роден на 6 април 1945 година во малото село Nine Mile во Јамајка, со име Nesta Robert Marley. Татко му Norval Sinclair Marley бил англиски воен офицер, а мајка му Cedella Booker била домородна јамајканка со црна кожа. Во детството Боб Марли имал проблеми со расните предрасуди на околината, а во текот на младоста самиот имал дилеми за својата припадност. Подоцна во една прилика во врска со тоа изјавил:
„Татко ми беше бел, а мајка ми црна. Ме викаат полу-каста или така нешто. Јас не сум на ничија страна. Јас не сум ниту на страната на црнците, ниту на страната на белците. Јас сум на страна на Бог, тој што ме создал и избрал да бидам и црн и бел.“
Во Кингстон , Марли се спријателил со Neville "Bunny" Livingston (подоцна познат како Bunny Wailer) со кого започнал да свири. Го напуштил училиштето на 14 годишна возраст и се посветил на музиката. Тој и Livingston почнале да прават музика заедно со Joe Higgs, локален пеач и посветеник во растафаријанското движење и со Peter McIntosh (подоцна познат како Peter Tosh). Во 1962 година Марли ги снимил своите први песни „Judge Not“ и „One Cup of Coffee“, кои не привлекле големо внимание. Во 1963 година заедно со Bunny Livingston, Peter McIntosh, Junior Braithwaite, Beverley Kelso и Cherry Smith ја формира својата прва група, наречена „The Teenagers“, за подоцна да си го променат името во „The Wailing Rudeboys“, потоа во „The Wailing Wailers“, и конечно во „The Wailers“, име под кое ќе останат познати во музичката историја.
Првиот албум наречен „Catch a Fire“, The Wailers го издаваат во 1973 година. Следната година го издаваат „Burnin'“, на кој се наоѓаат легендарните „Get Up, Stand Up“ и „I Shot the Sheriff“. Обработката на „I Shot the Sheriff“ од страна на Ерик Клептон, му носи уште поголема слава и реноме на Марли. Истата година се распаѓаат The Wailers, но Боб Марли продолжува да го употребува ова име и настапува како Bob Marley & The Wailers. Во 1975 година го издава албумот „Natty Dread“, на кој се наоѓа неговиот прв интернационален хит „No Woman, No Cry“, а една година подоцна се случува неговиот прв пробив на американскиот пазар со албумот „Rastaman Vibration“, кој цели четири недели бил на Billboard Top Ten листата.
Во 1978 година Боб Марли се сели во Англија, каде што ги снима албумите „Kaya“ и „Exodus“ (плоча што ќе остане на англиските топ листи цели 56 последователни недели). Потоа следуваат „Babylon by Bus“ (1978), „Survival“ (1979) и неговиот последен студиски албум „Uprising“ (1980). Сите овие албуми содржат многу песни кои подоцна станале стандарди на реге музиката, меѓу кои се и „Could You Be Loved“, „Exodus“, „No Women, No Cry“, „Jamming“, „One Love“, „Wake Up and Live“, „Redemption Song“ и други.
Уште во 1977 година на Боб Марли му е дијагностициран рак. Тој одбивал да се лечи, заради својот растафаријански став кон докторите, кои ги сметал за samfai (трикстери, измамници). Неговата состојба драстично се влошила во 1980 година, а својот последен концерт го одржал на 23 Септември 1980, во Stanley Theater, Филаделфија. Овој свет го напуштил на 11 мај 1981 година, а последните негови зборови, упатени до неговиот син Зиги, биле: „Money can't buy life“ (Со пари живот не се купува).
Неговата популарност растела и се уште расте во текот на годините по неговата смрт. Тој е една од најлегендарните појави на дваесетиот век и има најголема заслуга за популарноста на реге музиката во светот. Ми се чини дека нема љубител на музиката што не чул за Боб Марли, но во случај да има таков, еве неколку видea со негови изведби, како и интервју во кое Марли говори за канабисот и забраната за негова употреба.
{youtube}hg2n039txnk{/youtube}
Could You Be Loved
{youtube}ZUUwCW4ClPo{/youtube}
Stir It Up
{youtube}nlk9Sj4Ns2k{/youtube}
Bob Marley on Herb and Prohibition
{youtube}4ixj6dpIH6o{/youtube}
Wiki