Субвенции за компании и невладини организации за отворање нови работни места

Во тек е оглас за доделување на субвенции за микро, мали и средни претпријатија, социјални претпријатија и граѓански организации кои сакаат да го прошират и развијат сопствениот бизнис, со отворање на нови работни места. Висината на грантот за вработување на едно лице до 29 години, за лица корисници на гарантирана минимална помош, Роми, за лица со попреченост и за жени Ромки со завршено средно или високо образование изнесува 220.000 денари. За невработени над 29 години грантот е 160.000 денари.

Во огласот се наведени неколку критериуми кои апликантите треба да ги исполнат. Меѓу нив е тоа да компанијата ги има подмирено сите обврски по основ на исплатени плати и придонеси од задолжително социјално осигурување и да нема финансиска загуба во претходната година.
Заинтересираните подетални информации може да добијат во Центрите за вработување.
Рокот за пријавување трае до 6 ноември.

Извор