Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, по поразот од Тотенхем (1:2) синоќа во осминафиналето на англискиот Лига куп, ги наведе причините за неучеството на напаѓачот Ерлинг Халанд на овој натпревар.
-Сосема е едноставно… планот беше Халанд да не игра на овој натпревар. Тој играше многу оваа сезона и знаевме дека нема да има шанса да биде свеж оваа недела, па затоа не сакав да го користам, изјави Гвардиола на „Sky“.
Тотенхем во полуфиналето ќе се соочи со Манчестер јунајтед.