Тен Хаг наскоро ќе го видиме на чело на голем клуб, смета Арне Слот

Ерик тен Хаг повторно ќе води голем клуб и тоа ќе се случи наскоро, сигурен е менаџерот на Ливерпул – Арне Слот. Неговиот сонародник беше ослободен од англискиот фудбалски клуб Манчестер Јунајтед во понеделникот по многу тешкиот старт на сезоната, оставајќи ги „црвените ѓаволи“ на 14. место на табелата.

Слот, за разлика од него, го стартот од соништата на кариерата во Англија, а Ливерпул е втор на табелата, со еден бод помалку од шампионот Манчестер Сити.

-Тој е мој сонародник и тоа ги прави вестите уште потешки за мене. Знаеме дека во оваа професија тоа може да му се случи на секого. Штета е бидејќи го познавам и знам колку напорно работи. Тен Хаг постигна многу во Ајакс и освои два трофеи со овој тим, па очекувам во блиска иднина повторно да го видам на чело на голем клуб, изјави Слот, цитиран од „Скај Спортс“.

Во нивниот единствен натпревар еден против друг во Англија, Слот го победи Тен Хег со 3-0 на „Олд Трафорд“. 

- Реклама -