Фолксваген ќе затвори најмалку три погони во Германија и ќе отпушти десетици илјадни вработени

Германскиот автомобилски концерн Фолксваген планира да затвори најмалку три фабрики во Германија и да отпушти десетици илјади вработени, објави синдикалниот огранок на Фолксваген во Волфсбург.

Претседателката на работничкиот совет на Фолксваген во Волфсбург, Даниела Кавало истакна дека раководството тврди дека затворањето на фабрики и отказите за десетици илјади работници е поради опстанокот на концернот.

Таа не наведе кои погони на Фолксваген би можеле да бидат затворени.

Раководството на Фолксваген одби да ги коментира изјавите на Кавало, истакнувајќи оти компанијата е „на пресврт“ и оти ситуацијата е „сериозна“.

Фолксваген извесен период има финансиски падови, пред сè поради слабата продажба на електрични автомобили, кои според експертите се прескапи и застарени во споредба со кинеската конкуренција.

Прочитајте и:  Фолксваген сака да затвори три фабрики во Германија, десетици илјади луѓе ќе останат на улица

Менаџментот уште во септември најави мерки за Фолксваген да стане повторно конкурентен.

Концернот Фолксваген има околу 670.000 вработени ширум светот, од кои 295.000 се во Германија.

- Реклама -