Адел се расплака во прегратка со Селин Дион на настап во Лас Вегас (ВИДЕО)

Адел се расплака на настап во Лас Вегас, откако ја виде и ја прегрна својата легендарна колешка, канадската пејачка Селин Дион, која се повлече од сцената поради болест.

Селин била на концертот заедно со своите синови – 14-годишните близнаци Нелсон и Еди. Додека ја изведуваше песната „When We Were Young“, британската поп-пејачка ѝ пријде на Канаѓанката и ја прегрна со солзи во очите. Специјалната посетителка, исто така расплакана, го прифати поздравот на својата 20 помлада колешка-музичарка.

Поп-ѕвездите се запознале пред неколку години, токму во американскиот „град на гревот“. Емотивниот миг е снимен и објавен на „Икс“.

По 10 концерти во Минхен, Германија, Адел се врати во Лас Вегас за да ги заврши обврските, по што следи долга пауза којашто самата Британка ја најави.

– Воопшто немам никакви планови за нова музика… Сакам голема пауза после сѐ ова и мислам дека сакам да се занимавам со други креативни работи некое време, изјави таа претходно за „ЗДФ“.

Сѐ тоа, зашто ѝ недостигал животот пред славата, како што вели Адел.

- Реклама -