Розово срце во натписот Гостивар во знак на борбата против рак на дојка

Срцето во натписот на градот Гостивар покрај Кејот на Вардар доби розова боја, симбол на борбата против канцерот на дојка, во месецот октомври, посветен токму на оваа цел.

„Како општина, по повод Октомври розов месец за борба против канцер на дојка, традиционално организираме разни настани. Годинава меѓу другото преку Младинскиот совет ангажиравме ученици да го обојат во розово споменикот со името на Гостивар, како поддршка на оние кои се борат против болеста“, рече Азра Нуредини, општински службеник за млади.
Срцето го обоија ученици од средното техничко училиште под менторство на професорката по ликовна уметност, Мевљана Адили.

„Нашето училиште има Арт клуб, преку кој учениците се вклучуваат во различни воннаставни активности. Овој пат, тие го обоија срцето во натписот Гостивар, по повод Розовиот месец Октомври, навистина јас како професорка сум горда на резултатот од тоа што го направија“, кажа менторката Адили.
Вчеравечер во Гостивар, во рамки на одбележувањето на Розов месец октомври се одржа трибина, од која беше најавено дека општината ќе додели 100 ваучери за бесплатна мамографија.

Извор