Најмалку седум други се хоспитализирани со рани од шрапнели, меѓу кои и еден со тешки повреди, пренесе ДПА
Две лица се убиени во северен Израел од гранатирање од Либан, соопштија денеска израелските служби за итни случаи.
Спасувачката служба Маген Давид Адом соопшти дека 19-годишна жена и 21-годишен маж биле убиени во Мајд ал-Курм, град со арапско мнозинство во Галилеја.
Најмалку седум други се хоспитализирани со рани од шрапнели, меѓу кои и еден со тешки повреди, пренесе ДПА.
Според израелската војска, во инцидентот била погодена теретана.
Израелската војска соопшти дека околу 30 проектили биле истрелани кон областа од Либан. Некои биле пресретнати.
Вкупно, до попладневните часови биле регистрирани околу 45 проектили од Либан.
Либанската милиција Хезболах ја презеде одговорноста за нападот врз соседниот град Кармиел. Хезболах рече дека истрелале бараж ракети врз градот, кој е претежно еврејски.