Рама од Њујорк: Во 2030 година ќе го кренеме знамето на Скендербег во дворот на ЕУ

Албанскиот премиер Еди Рама утре во Њујорк ќе одржи уште една од најавените серија средби со албанската дијаспора, што ги почна во мај годинава.

Тој веќе е во Њујорк и споделувајќи фотографии со објекти на кои се поставени плакати за средбата, што ќе се одржи под мотото „Горд за Албанија“, тој ја коментираше и политичката ситуација во земјата.

-Во Њујорк на средба со Албанците од Америка. Горд за Албанија, за која денес се зборува во суперлатив насекаде во светот и целосно свесен за извонредните предизвици на патот до врвот во 2030 година, кога со моќта на нашиот сојуз и покрај политичко-медиумската борба во Тирана, ќе го кренеме знамето на Скендербег и Исмаил Ќемали (прв албански премиер кој ја прогласил независноста на земјата) во дворот на Европската Унија, напиша Рама.

На средбите, кои, како што вели, се дел од напорите на неговата влада за одржување контакти со албанската дијаспора, покрај другото ќе стане збор  и за начинот на гласање на дијаспората, што ќе се случи за првпат на парламентарните избори што во Албанија ќе се одржат на пролет.
-Утре попладне, сабота 26 октомври, на првата средба по воспоставувањето на правото на секој Албанец надвор од Албанија, со гласање од каде што живее, надвор од татковината, да го избере правецот и раководството на државата за наредните четири години, наведува Рама.

Прочитајте и:  Честитка од Ахмети за Денот на албанската азбука: До вчера го унапредувавме, денеска мора да го браниме албанскиот јазик 

Првата средба тој ја одржа  албанската дијаспора во Атина на 12 мај, по што на 26 истиот месец  во Милано. По Њујорк, повторно, на 3 идниот месец, ќе се сретне со албанската дијаспора во Грција, но овој пат во Солун, по што ќе следуваат средби во Лондон и Минхен.

- Реклама -