Прашан за став во врска со последните одлуки за помилувањата, а во контекст на ресорот што го води, Филков вели оти Министерството за правда не помилува, туку единствено дава препорака за намалување на казната на осуденикот од еден до шест месеци, а таа потоа оди кај претседателката на државата, односно кај Комисијата за помилување
Сметам дека можеби е време да дојде до одредено освежување во Комисијата за помилување, изјави денеска министерот за правда Игор Филков одговарајќи на новинарски прашања во контекст на последната одлука за помилување осуденици од страна претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која деновиве предизвикаа лавина реакции кај политичката и општата јавност.
Прашан за став во врска со последните одлуки за помилувањата, а во контекст на ресорот што го води, Филков вели оти Министерството за правда не помилува, туку единствено дава препорака за намалување на казната на осуденикот од еден до шест месеци, а таа потоа оди кај претседателката на државата, односно кај Комисијата за помилување.
„Ние имаме еден член и да сме на чисто, тој нема право на глас. Поради сите случувања во последните 24 часа, сакам да напоменам една многу важна работа – институтот помилување е многу важна работа во државата. Не смееме да се доведеме да биде предмет на дневнополитички игри и препукувања, а нам тоа ни се случува“,
изјави министерот за правда одговарајќи на новинарски прашања.
Прашан дали како Министерство би побарале поништување на одлуката за помилувањата, Филков вели:
„Не можам јас да побарам. Има таму член 11 којшто е многу јасен и којшто кажува кој што може да прави. Она што јас како министер за правда сметам е дека можеби е време да дојде до одредено освежување во Комисијата за помилување.“