Меси заработува повеќе од сите фудбалери во 22 тима од МЛС


Најдобриот светски фудбалер, Аргентинецот Лионел Меси, во својот клуб Интер од Мајами заработува повеќе од сите професионални фудбалери заедно во вкупно 22 од 28-те екипи во првата лига на МЛС лигата, покажуваат податоците објавени од Синдикатот на играчи, а притоа не се земаат предвид плаќањата на спонзорите.

Меси, кој со Аргентина го освои Светското првенство, ќе заработи 20.446.667 долари (околу 18.892.925 евра), откако Интер ја обезбеди титулата во регуларниот дел од сезоната. Со 41,7 милиони долари, целиот тим на Мајами е значително поскап од кој и да е друг во лигата.

Следува Торонто со 31,8 милиони долари плати и двата тима од Лос Анџелес. Галакси издвоил 22,1 милиони долари за плати, а ЛАФК 22 милиони долари.

Покрај споменатите четири екипи, сите фудбалери на тимовите на Нешвил (21,9 милиони долари), Синсинати (21 милион долари) и Хјустон (20,5 милиони долари) заработуваат заедно повеќе од Меси, објави Синдикатот на фудбалери.

- Реклама -