Шилегов објасни зошто го пишал статусот за СДСМ: „Со молкот стануваш соучесник“

Фото: Од Фејсбук профилот на Шилегов

По бурата од реакции што ја предизвика неговата објава во која СДСМ ја нарече „заробена партија“ со октроирани лидери од јужните краишта кои всушност, според него, се тезгароши, Петре Шилегов повторно се огласи на Фејсбук за да објасни зошто напишал таков статус.

Во новата објава, тој сугерира дека „нешто не е во ред“ во СДСМ, а молкот, во таква ситуација, е соучешништво.

„1.000 зошто, едно затоа: За да нема нејаснотии, бидејќи имам многу јавувања, многу пораки, многу коментари: ако нешто не е во ред и гледаш дека е така, а молчиш, со молкот стануваш соучесник … Ете затоа“, напиша Шилегов.

Прочитајте и:  Ковачки: СДС да се охрабрат и да ја поддржат визијата на претседателот Мицкоски за стратегија за Македонија до 2050
- Реклама -