Погледнете го новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ емитувано на 24 октомври 2024 г. на МРТ 1, посветено на последниот развој на настаните во безбедносно-разузнавачкиот систем
Во ова издание на емисијата објавуваме:
– Изработката на закон за спојување на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање е во напредна фаза, но Владата засега се воздржува од споделување детали во јавноста; пратеници од мнозинството велат дека спојувањето е национален интерес, а за опозиција мотивите се партиско-политички;
– Седум години откако беше најавена и серија неуспешни тендери, парламентот конечно доби „глува соба“; земјава сега има закони и техника за заштита на класифицирани информации, но „најважниот трет агол од овој триаголник на доверба сме ние, луѓето“ (Андреј Рупник, ДЦАФ Љубљана);
– Интервју со Бојан Христовски, чие именување за директор на Агенцијата за национална безбедност ја бранува јавнсота – што значат фотографиите пред и во комитетите на ВМРО-ДПМНЕ и зошто се нафати да биде директор на институција за која самиот рече дека е на шупливи основи и ја прогласи за мртва;
– „Саботажа”.