Компирите се импресивен извор на бројни хранливи материи. Тие се одличен извор на неколку витамини и минерали, вклучувајќи витамин Ц, витамини од групата Б, магнезиум, железо, фосфор, калиум и бакар. Токму тие витамнини работат заедно за поддршка на имунитетот, коските, крвта, метаболизмот и здравјето на срцето, како и правилен раст и развој.
Црвени компири
Црвените компири лесно се забележуваат во маркетите благодарение на нивната длабока црвена боја, иако внатрешноста е обично кремасто бела или светло златна.
Истражувањата покажаа дека тие имаат до двојно повеќе флавоноиди во споредба со белиот компир, што ги зголемува нивните антивоспалителни и имунолошки способности.
Слатки компири
Слаткиот компир класично се карактеризира како многу похранлив избор во споредба со белиот компир, но дали е навистина?
Виолетови компири
Иако фактите за хранливата вредност на виолетовите компири се ограничени, профилот е сличен на оној на обичните компири. Сепак, виолетовите компири содржат антиоксиданс антоцијанин, кој им ја дава виолетова боја. Докажано е дека антоцијаните имаат позитивен ефект врз здравјето на срцето и метаболизмот.
Виолетовите компири се исто така уникатни по нивната поголема содржина на скроб.
Бели компири
Белиот компир содржи помали количини на витамините Ц и Б6, што малку го намалува нивното позитивно влијание врз имунолошкиот, крвниот и нервниот систем.
Најздравиот компир
„Не постои единствен тип на компир кој е најздрав, сите сорти нудат уникатни карактеристики и нутритивни профили“, вели Ребека Јаспан, регистрирана диететичарка.
Сепак, слаткиот компир има мала предност, благодарение на зголемената содржина на влакна, пантотенска киселина, бета-каротен и витамин А, пишува Real Simple.
извор N1 Загреб