Свештеници од Католичката црква на Грција под истрага за проневера на три милиони евра – ги „инвестирале“ во ноќни клубови

Двајца свештеници од грчката Католичка црква и петмина сопственици на ноќни клубови на Пелопонез се под истрага за проневера и перење пари, по случајот откриен од Управата за спречување на перење пари, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчките медиуми, истрагата започнала кога по рутинска и случајна ревизија било откриено дека од касата на Католичката црква, за која биле одговорни двајцата свештеници кои имаат високи позиции, недостигаат околу три милиони и во изминатите седум-осум години биле „инвестирани“ во ноќни клубови, односно префрлани на сметките на сопствениците, а последниот трансфер на пари бил пред неколку дена со префрлени 50.000 евра.

За случајот, двајцата свештеници се под истрага за проневера, а сопствениците на ноќните клубови се осомничени за перење пари.

Прочитајте и:  Во август во Грција имало зголемен број туристи во споредба со лани, но потрошиле помалку пари

Од Католичка црква на Грција соопштија дека немаат официјални информации за натписите во медиумите за проневера и перење пари и дека очекуваат да бидат информирани од надлежните органи за да можат да излезат со официјален став за конкретното прашање.

- Реклама -