„Ние го разгледавме случајот и заклучивме тој се однесувал пристојно во затворот, не бил дисциплински казнуван, дека е со високо образование, дека е женет, дека има семејство. Поима немав дека, јас барем и сите други тврдам, дека тој бил некаков шеф на некаков клан и се решивме за првостепената пресуда на Основниот кривичен суд, односно нашиот предлог да биде идентичен со тој на првостепениот суд“, вели претседателот на Комисијата за помилување во изјава за ТВ Телма
Неговиот колега, Гордан Калајџиев вели оти е изненаден од жестината на нападите во врска со помилувањата, кои како што додаде, лично ги цени дека се повеќе од политичка природа
Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова попладнево ги повика на состанок шестмината членови на Комисијата за помилување, кој доаѓа по бурните реакции што во јавноста ги предизвикаа неколку од имињата што се најдоа на листата на помилувани по повод празникот 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.
Состанокот, исто така, доаѓа по денешното апсење на Акиф Равманоски, едно од лицата кое беше помилувано од Сиљановска-Давкова, а за кое медиумите пишуваат дека е еден од водачите на криминалната група „Барон“.
Тој денеска, два дена по објавувањето на одлуката за негово помилување во „Службен весник“, на излегување од затворот „Идризово“ повторно беше како осомничен за друго кривично дело што го извршил пред десетина дена, односно вмешаност во вооружен инцидент во населбата Чаир.
Пренесувајќи изјави од претседателот на Комисијата за помилување универзитетскиот професор Методија Каневчев и неговиот колега професор и член на Комисијата, Гордан Калајџиев телевизија Телма вечерва, како што беше наведено во највата на прилогот, објави детали од средбата со Сиљановска-Давкова.
Каневчев вели дека прв најспорен е Акиф Равманоски, за чиј педлог за помилување се воделе од првостепената пресуда на Основниот кривичен суд Скопје, која била условна, но потоа била заменета со ефективен затвор од страна на Апелацискиот суд.
„Тој е осуден за поседување оружје на ефективна казна затвор од една година и три месеци. Дома му е најден пиштол со пет проектили, не знам дали биле во шаржер или во самото оружје. Ние се раководевме од околноста што првостепената пресуда, значи пресудата на Основниот кривичен суд била условна осуда, утврдена казна од две години, со рок на проверување пет години. Апелацискиот суд ја преиначува пресудата во делот на казната и се решава за ефективна казна, тоа е онаа казна од една година и три месеци. Ние го разгледавме случајот и заклучивме тој се однесувал пристојно во затворот, не бил дисциплински казнуван, дека е со високо образование, дека е женет, дека има семејство. Поима немав дека, јас барем и сите други тврдам, дека тој бил некаков шеф на некаков клан и се решивме за првостепената пресуда на Основниот кривичен суд, односно нашиот предлог да биде идентичен со тој на првостепениот суд“,
вели Каневчев.
На допопнително прашање дали го проверуваат профилот на лицата, тој рече дека проверуваат сè, бидејќи од Министерството за правда добиваат книга со сите молби за помилување, со сите осудени лица и за сите поединости.
„И нашата одлука, нашиот предлог до претседателката беше таа ефективна казна да се услови бидејќи кога се работи за помилување не може пет години на проверување, максималниот рок е три. Ние се решивме максималниот рок на проверување да биде три години. Според тоа овде се работи за замена на една кривична санкција со друга“,
рече претседателот на Комисијата за помилување.
Неговиот колега, Гордан Калајџиев вели оти е изненаден од жестината на нападите во врска со помилувањата, кои како што додаде, лично ги цени дека се повеќе од политичка природа.
„Но, сега тоа не е прашање за нас вечерва. Мислам дека штетно ќе биде во новиот закон, бидејќи во подготовка е подолго време нов закон, да влезат определени измени во оваа насока. Веројанто ќе бидат разгледувани со тоа што веќе во неколку наврати се напаѓаат претседателите за тоа кого избрале (да помилуваат н.з.). Прво тоа е лесен таргет, бидејќи се помилуваат криминалци по дефиниција, не се тие студенти и оттука е многу лесно да манипулирате со тој факт. Штетно би било кога ние би морале да ја менуваме тактиката во смисла за да дојдеме до овие информации коишто нам ни недостигале да треба да собираме други податоци, условно речено полициски и разузнавачки бидејќи ние сме условно кажано правна комисија и ги разгледуваме, правните документи, судските документи, извештаите од затворите и нивното мислење, мислењето од Министерството од правда“,
вели Калајџиев во изјавата за ТВ Телма.