Французите „Нувел ваг“ доаѓаат во Скопје

nouvelle_vague-754424Францускиот прогресивен состав „Нувел ваг“ на 17 декември ќе одржи голем концерт во Универзалната сала во Скопје. За загревање на атмосферата пред нивниот настап е ангажиран македонскиот состав „Поган паган“.


Францускиот прогресивен состав „Нувел ваг“ на 17 декември ќе одржи голем концерт во Универзалната сала во Скопје. За загревање на атмосферата пред нивниот настап е ангажиран македонскиот состав „Поган паган“.

nouvelle_vague-754424

Како организатори на овој несекојдневен настан се јавуваат „Корпус деликти рекордс“ и екипата од интернет-страницата www.flickers.com.mk. Билетите за концертот на [[Nouvelle_Vague_(band)|„Нувел ваг“]] ќе бидат пуштени в понеделник, а ќе можат да се набават во музичката продавница „Чув де чув“ во Скопје. За потребите на овој концерт, столчињата од партерот во Универзалната сала ќе бидат извадени и токму поради тоа ќе има два вида влезници, за стоење и за седење.

Прочитајте и:  Kонцерт на Стефан Миленковиќ и македонскиот камерен оркестар „Профундис“ Филхармонија

Цената на влезниците ќе движи скалесто, во зависност од периодот кога ќе се купат. Најевтини ќе бидат во периодот од 5 до 16 ноември, ќе изнесуваат 800 денари за стоење и 900 денари за седење. Од 17 ноември до денот на одржувањето на концертот тие ќе бидат поскапи за сто денари, односно 900 денари за стоење и 1.000 за седење. Групата „Нувел ваг“, што на македонски значи „нов бран“, е француски музички проект инициран од продуцентите Марк Колин и Оливер Либо. виа.


Nouvelle Vague – Love will tear us apart (LIVE)

{youtube}l4efME9Vnlc{/youtube}
- Реклама -