Путин: Западот ја користи Украина за создавање критични закани за безбедноста на Русија

Западот ја користи Украина за да создаде критични закани за безбедноста на Русија, игнорирајќи ги виталните интереси на Руската Федерација, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.

-Се кршат принципите на еднаква и неделива безбедност. Се поттикнуваат меѓудржавни конфликти и меѓусебни конфликти, рече Путин во обраќањето на самитот на БРИКС во проширен состав во Казан, пренесоа руските медиуми.

Путин нагласи дека „пример за тоа е Украина, која се користеше и се користи за создавање критични закани за безбедноста на Русија, игнорирајќи ги нејзините витални интереси, легитимните грижи и кршејќи ги правата на луѓето што зборуваат руски јазик“.

Претходно денеска Путин ја отвори пленарната седница на БРИКС +, во рамките на самитот на БРИКС во Казан.

Прочитајте и:  Зеленски ги повика сојузниците „да не се кријат“ и да реагираат на приклучувањето на Северна Кореја во војната

На состанокот се поканети претставници на 36 земји, меѓу кои и шефовите на Заедницата на независни држави, Азија, Африка, Латинска Америка и шефови на меѓународни организации.

- Реклама -