Голем пожар во иранската нуклерна централа Караџа, сомнежи за саботажа (ВИДЕО)

Голем пожар избувна во иранската нуклеарна централа во Караџа, која се наоѓа западно од главниот град Техеран.

Според првичните информации, пожарот предизвикал сериозна штета на еден објект, а противпожарната единица успеала брзо да го стави под контрола.

Фотографиите од местото на настанот ја покажуваат оштетената зграда со црни траги од пожарот и уништените врати, што укажува на интензитетот на експлозијата што најверојатно му претходела на пожарот.

Засега нема детали за причината за инцидентот, но постои загриженост дека пожарот би можел да биде резултат на саботажа, како што беше забележано во претходните напади врз иранските нуклеарни постројки.

Во минатото, нападите со беспилотни летала и кибер саботажите, како оние што го погодија Натанз, доведоа до слични инциденти. Караџа е важен дел од иранската нуклеарна програма, која долго време е под будно око на меѓународна заедница поради нејзините контроверзни активности за збогатување ураниум.

Прочитајте и:  Хезболах исклучува преговори додека траат борбите со Израел

 

- Реклама -