Renault објави дека во текот на оваа недела компанијата започна со работата најголемата инсталација на соларни панели, која некогаш некој производител на автомобили ја конструирал за своите потреби.
Инсталацијата е составена од шест одделни објекти, поставени според ISO 14001 сертификати, на производствените комплекси на Renault во Douai, Maubeuge, Flins, Batilly, Sandouville и Clеon, а покрива површина од 400.000 метри квадратни.
Фотонапонската инсталација (59 MW) е во состојба да генерира електрична енергија од 52.600 MWh годишно, што според пресметките на француската марка, е доволно за континуирано напојување на град со околу 15.000 луѓе.
Интеграцијата на уникатната инсталација на Renault ќе доведе до намалување со 200 тони на CO2 емисии при производствениот циклус.