За „Македонија и Македонците“ – концерт на Стефче Стојковски и неговиот ансамбл

Во големата сала на Македонската филхармонија беше одржан јубилеен концерт на Стефче Стојковски и неговиот ансамбл, по повод 25 години ѕвездена кариера и ширење на македонската изворна, народна музика низ светот. „За Македонија и Македонците“ беше насловен концертот на виртуозот на народни инструменти, со кои беспрекорно ги интерпретира песните, македонски, кои се пееле со векови секаде каде што живеат Македонци.

- Реклама -