Евролига: Виртус го шокираше Паризан во Белград


Пред мечот фаворизираните кошаркари на Партизан се поразени од Виртус од Болоња во белградска „Арена“ со резултат 69:70 (20:15, 17:17, 24:25, 8:13) на отворањето од петтото коло во Евролигата.

Натпреварот беше многу тензичен од почетокот до крајот, иако Партизан беше многу подолго во водство, а во два наврати имаше по девет поени предност. Завршницата беше многу драматична, Вил Клајбурн му донесе водство на Виртус од влез, Ифе Лундберг не беше успешен на другиот крај од теренот, но Френк Ниликина ја украде топката при изведување на три секунди до крајот, но потоа го промаши целиот кош во обидот за „тројка“.

Најдобар во тимот на Партизан беше Тајрик Џонс со 20 поени и шест скока (индекс 32), Ифе Лундберг додаде 14 поени, додека Вања Маринковиќ постигна 10. Исто така, треба да се напомене дека Карлик Џонс заработи повреда во последната делница, излезе од тереното со болни гримаси и повеќе не се врати во игра. Сѐ уште нема процена за тежината на неговата повреда.

Најефикасен во тимот на Виртус беше Клајбурн со 27 поени, Ајзеа Кординие постигна 12 поени со 10 скока, додека Метју Морган постигна 10 поени.

Партизан сега има скор 2-3 во Евролигата, додека ова е прва победа за Виртус по четирите порази. Во следното коло Партизан во „Арена“ ќе го пречека Монако, додека Виртус гостува во Болоња против Баерн.

Натпреварот беше отворен со серијата на Стерлинг Браун од 5:0, набргу се надоврза Вања Маринковиќ со четири брзи поени, па резултатот беше 13:5, а подоцна и 16:7. Виртус брзо се врати во игра со неколку „тројки“, додека Тајрик веќе во првата четвртина најави доминација, која на крајот се покажа недоволна.

На крајот на првиот дел беше 20:15, а Партизан не успеа да резултатски да се одлепи ниту на стартот на втораа четвртина , иако Марко Белинели беше надвор од ритам. Шенгелија му донесе израмнување на својот тим (27:27), но Партизан предноста на полувремето ја обезбеди главно преку Лундберг – 37:32.

Маринковиќ погоди две тројки на стартот од вториот дел, помогнаа Тајрик и Лундберг, па Партизан имаше 52:43. Клајбурн го одржуваше својот тим во живот, но Тајрик имаше две моќни забивања кои ги разгореа навивачите. Клајбурн повторно имаше одговор, Кординие и Шенгелија се надоврзаа со поени од слободни фрлања, па Виртус имаше само минус 4 на крајот од третиот период – 57:61.

Четвртата делница беше неквалитетна од двете екипи и многу неефикасна, но Виртус на крајот подобро се снајде. Партизан ја немаше помошта од Карлик Џонс, кој ја повреди ногата, а Виртус првпат поведе веднаш по неговата повреда со слободните фрлања на Кординие 66: 65. Браун и Ниликина промашија под гостинскиот кош, но и Кординие прокоцка два напада на Виртус.

Лундберг потоа погоди „тројка“ за плус 2 за Партизан, но Клајбурн го израмни резултатот по офанзивниот скок и асистенција на Морган. Лундберг изнуди прекршок на влез но беше половичен од слободните фрлања, додека Клајбурн беше одличен на влез и практично го постигна кошот за победа.

Жељко Обрадовиќ нацрта напад за победа, но Лундберг не успеа да погоди на влез и притоа не изнуди ниту прекршок. По тајм-аутот, Виртус ја загуби топката при уфрлање, но Ниликина по „крадењето“ на топката не успеа ниту да дофрли до кошот со последниот звук на сирената.

Во четврток:
Монако – Париз (19.00 ч.)
Жалгирис – Макаби Тел Авив (19.00 ч.)
Басконија – Алба Берлин (20.30 ч.)
Армани Милано – Анадолу Ефес (20.30 ч.)
Реал Мадрид – Црвена ѕвезда (20:45)

Во петок:
Фенербахче – Панатинаикос (19.45)
Барселона – Асвел (20.30 ч.)
Баерн – Олимпијакос (20.45)

ТАБЕЛА

  1. 1. Црвена ѕвезда 4 3 1 318-289
    • 2. Барселона 4 3 1 325-302
      • 3. Монако 4 3 1 350-330
        • 4. Жалгирис 4 3 1 298-291
          • 5. Фенербахче 4 3 1 300-296
            • 6. Панатинаикос 4 2 2 347-330
              • 7. Олимпијакос 4 2 2 323-309
                • 8. Партизан 5 2 3 345-338
                  • 9. Анадолу Ефес 4 2 2 336-332
  2. 10. Реал Мадрид 4 2 2 344-345
  3. 11. Асвел Вилурбан 4 2 2 324-327
  4. 12. Басконија 4 2 2 304-308
  5. 13. Макаби 4 2 2 340-349
  6. 14. Баерн 4 2 2 363-376
  7. 15. Париз 4 1 3 342-348
  8. 16. Алба Берлин 4 1 3 305-332
  9. 17 Армани Милано 4 1 3 309-341
  10. 18. Виртус Болоња 5 1 4 375-404
- Реклама -