ВМРО-ДПМНЕ: СДС не смогна сили да испратат честитка по повод Денот на македонската револуционерна борба

ВМРО-ДПМНЕ изразува длабоко разочарување од односот на СДС кои денес не најдоа елементарна државничка сила да испратат честитка до граѓаните по повод Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври.

Овој потег на СДС покажува целосно непочитување кон историските вредности и борбата на македонскиот народ за слобода и независност.

Каде е СДС да го честита празникот, или можеби и натаму Венко Филипче размислува како претходниот Зоран Заев дека Бугарите биле администратори, а дека македонскиот јазик не постои? Дали навистина СДС сметаат дека македонската држава се создала без никаква борба и жртва како што тврдат во Бугарија и како што кажа Заев.

За разлика од СДС, ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на одржувањето на овие свети идеали и на чувањето на македонскиот идентитет и национално достоинство.

Прочитајте и:  СДСМ за изјавата на Сиљановска за помилувањата: Или е само марионета, или се доведува во прашање нејзината деловна способност

Ги повикуваме граѓаните да се обединат околу вредностите кои нè поврзуваат и да продолжат да ја слават борбата за слободна и суверена Македонија, бидејќи револуционерниот дух е жив и борбата за нашата татковина продолжува.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

- Реклама -