Фон дер Лајен: Албанија прави големи чекори кон ЕУ

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, со сите почести попладнево беше дочекана од албанскиот премиер Еди Рама, со кого по средбата ќе имаат заедничка прес-конференција.

Во меѓувреме Фон дер Лајен во реакција на социјалната мрежа „Икс“ напиша дека „Албанија прави големи чекори кон Европската Унија и дека премиерот Рама покажува визија и трпение, што се исплати“.

„Среќна сум што ја започнувам мојата турнеја по Западен Балкан во Албанија со мојот пријател Еди Рама. Албанија прави големи чекори кон ЕУ. Тоа е резултат на долгогодишна работа. Драг Еди, покажа и визија и трпение. И ова се исплати“, напиша Урсула фон дер Лајен.

По прес-конференцијата таа ќе се обрати на свеченоста по повод стартот на академската година на тиранскиот Колеџ на Европа,  а утре претпладне, ќе се сретне со претседателот на Албанија Бајрам Бегај.

- Реклама -