Реакции во Србија: „Белградските власти планираат да му ги отстапат автобусите Соларис на Скопје“

Центарот за локална самоуправа (ЦЛС) денеска соопшти дека, според извори од Градското сообраќајно претпријатие и порталот Е-капија, Белград планира да ги отстапи автобусите Соларис на Скопје и другите градови во Северна Македонија, што невладината организација го оценува како „произволен, неразумен и штетен потег“, јави дописникот на МИА.

-Во ситуација кога градскиот превоз во Белград е во криза, а граѓаните покажуваат големо незадоволство, откажувањето на сто сигурни и популарни автобуси „Соларис“ поради нечиј личен маркетинг и каприци би бил антибелградски потег, се вели во изјавата на директорот на ЦЛС, Никола Јовановиќ, соопшти агенцијта Бета.

Според неговото мислење, крајниот мотив за таквиот потег не би бил наводното подмладување на возниот парк, туку „одмазда“ на градоначалникот Александар Шапиќ кон неговите претходници во Белград, и „пред се, создавање простор за дополнителен увоз на турски автобуси на гас, кои се далеку под квалитетот на европските производители и во никој случај не одговараат на потребите на Белград“.

Прочитајте и:  Вучиќ: Ако Србија го признае Косово и воведе санкции кон Русија, веднаш ќе биде примена во ЕУ

Solaris Urbino 18 е зглобен автобус дизајниран за јавен градски превоз, се изработува во Полска, во близина на Познан, и досега во Србија од 2011 година се извезени над 200 автобуси.

- Реклама -