Косово купува објекти на амбасади во Италија, Турција, Франција, Германија и Канада

Косовскиот премиер, Албин Курти објави дека Владата моментно е во процес на купување амбасади во пет земји, односно во Италија, Турција, Франција, Германија и Канада, јави дописникот на МИА од Приштина.

На денешната седница на Владата, Курти информира дека вчера свечено бил отворен новиот објект на Конзулатот на Косово во Стразбур, кој, како што рече, „сега е сопственост на државата и постојан дом на Републиката“.

„Значи, ние продолжуваме со купувањето на нашите амбасади во клучните земји за нашата дипломатска служба. По купувањето на објектите на амбасадите во Соединетите Американски Држави, Обединетото Кралство, Хрватска, Сенегал и сега во Стразбур, Франција, во процес на купување се амбасадите во Италија, Турција, Франција, Германија и Канада“, рече Курти.

Прочитајте и:  Османи: Секое загрозување на правата на Албанците во С. Македонија ќе наиде на решително противење и единство на Албанците од цел Балкан

На денешната владина седница, косовскиот премиер го информира својот кабинет за учеството и постигнатите договори од Берлинскиот процес, при што истакна дека станува збор за „успешен процес“ кој Косово цврсто го поддржува.

„Република Косово е многу посветена на Берлинскиот процес веќе десет години за да го крунисаме со успех, како што и направивме. Тоа се покажа како успешен процес, кој ги зближи земјите од регионот една до друга и сите заедно со ЕУ“, рече Курти на почетокот на воведниот говор.

- Реклама -